ОПШТИ ПРАВИЛА ЗА ИСХРАНА

За сите крвни ГРУПИ А, АБ, Б, О.

* Да не се мешаат јадењата (гарнири)
* Да се јаде повеќе пати по помалку
* Да се почитува природниот биоритам
* Да се внесуваат додатоците на исхраната по природен пат
* Да се избегнува замрзната храна, конзервирана, чадена и мрсна храна
* Да се јаде онолку колку што ќе се потроши со активност во текот на денот
* Да се готви со крупна јодирана сол, маслинови масла, лимонов сок
* Да не се спие после јадење
* Да се внесуваат повеќе течности во форма на природни неконзервирани сокови и вода
* Овоштие и зеленило да се земаат на гладно или 30 мин пред јадењето
* оваа исхрана по крвни групи е систем на одржување на здрав организам во делот на режимско однесување за одредени заболувања се оди према упатствата дадени за одредени заболувања


ЗАБРАНЕТА ХРАНА БЕЛИ СМРТИ:

За време на терапијата не смее да се јаде и внесува и да се избегнува:

1. Бело брашно и производи од бело брашно.
(за замена може да се користат црни или интегрални лебови)
2. Варено млеко и млечни производи.
( за замена може да се внесува козја сирутка, или кисело млеко.
3. Сол ситна.
4. Бел шеќер.
(за замена може да се користи мед.
5. Вода од чешма.

СТРОГО ЗАБРАНЕТО: Сувомеснато (салами, паштети, чајни, печеници, меса, скари, пржена храна, газирани пијалоци, алкохол, мајонез, кечап, рафинирани масла, конзервирана храна, поради натриум бензоанатот и други конзерванси и сл.

(да се внесува купена вода негазирана, или изворска доколку е исправна за пиење, со пп. не повеќе од 30- единица (ппм мерка за тешки растворени метали во вода). За човекова употреба е ограничено на 30 ппм, во повеќето места во РМ оваа бројка е повисока од дозволената мерена од водоводот.

се користи нерафинирано ладно цедено маслиново масло во салати, храна треба да биде жива - не третирана на високи температури,

замена за месо е риба пожелно е да биде морска (поради незаситените масни киселини ), и исхраната треба да биде према упатствата и крвните групи.

Посебни рецепти:
Основа на здрава храна се житарки од 70 до 100 %. Комбинации во житарици. Еден ден овес, еден ден јачмен, еден ден рж.
Ленено семе е чистач за детоксификација.
Ако се јаде најмалку 3 недели се доаѓа во нормала.
На филџан житарици 3 филџани вода. Малку интегрална сол. Врие 30 до 40 мин. одкога ќе се свари се трга се остава да отстои цела вечер. За да биде вкусно, се додава малку интегрална сол. Разни варијации, кога се вари одредена житарица се додава пола морков, или пола целер, или пола дајкон, или пола пашканат, сите коренасти делови од растенија. Тоа е здрава храна, варивата сите може да се користат, граф, боранија, зелка, компир, леќа, грашак.
Јајца не.
Сол не смее.
Сирења урди кашкавали, млечни производи не.
Месо и производи од месо односно производи од животинско потекло не смее.
Еднаш до два пати во неделата може риба да биде посува риба по посна риба да не е мрсна . По можност морска.
Црвен патлиџан да се намали, модар патлиџан да се намали, спанаќ еднаш во текот на месец. Истите содржат оксална киселина а тоа може кај бубрежни заболувања особено каде што составите се оксалатни да го отежне топењето на каменот.
Зеленчук, пиперка, краставица, тиквичка.
Овошје: јаболко, кајсии, цреша, јаготки, праски, круши, сливи, вишни.
Шеќер ни бел ни кафеав.
Компот може само без шеќер.
Од овоштие да се избегнува портокал, банана.
Најпрепорачливо е овоштие кое расте во вашата близина.
Може за вкус малку соев сос да се стави.
Детоксификација: За остеопороза , за артритис, артроза.
Ленено семе 100 гр. , семе од тикви 100 гр., сончоглед 100 гр, и сусам 200 гр. – интегрален сусам.
За маснотии во крв и триглецириди:
Ленено семе 200 гр. , семе од тикви 100 гр., сончоглед 100 гр, и сусам 100 гр. – интегрален сусам.
За простата:
Ленено семе 100 гр. , семе од тикви 200 гр., сончоглед 100 гр, и сусам 100 гр. – интегрален сусам.
За камења во бубрези и жолчка
Ленено семе 100 гр. , семе од тикви 100 гр., сончоглед 100 гр, и сусам 200 гр. – интегрален сусам.
Плус житарици рж и јачмен.
За шеќер во крв:
Ленено семе 100 гр. , семе од тикви 100 гр., сончоглед 100 гр, и сусам 200 гр. – интегрален сусам.
Многу е битно да се јаде по малку 6-7 пати, по малку за да се иритира работата на панкреасот, и да се пие чај лист од боровница, глуварче како и предложените чајни комбинации за лекување на шеќер во крвта.

web stats