Добредојдовте
на овие страници ги имате сите потребни информации за лекување на заболувања
Лековити чаеви
Црвена Кантарига (Кичица) - Латински назив,
Состав - содржи горки хетерозиди, генициопикрозид, еритауорозид, еритроцентаурозид и генцијанин, малку етерско масло, стероли и минерални соли.
поважни својства:
Аперитивно, дигестивно, роборантно и фебрифугно.
Црвениот кантарион е грочлива билка популарна во народната медицина. Како и другите горлчиви билки има изразено аперитивно, дигестивно и роборантно својство, бидејќи горчливите гликозиди предизвикуваат зголемено лачење на желудечните, цревните и жолчните сокови со што се подобрува апетитот , варењето и ресорпцијата на храната (роборантно) а ги подобрувата и функцијата на жолчката и црниот дроб.
Црвениот кантарион како и линцурата ја подобрува крвната слика и ја зголемува одбрамбената сила на организзмот.
Се користи против гасови и подуеност, проблеми со дигестивниот систем, против грозница, слабокрвност, и тн. Името и доаѓа од римско време и значи centum -стотина aurum - злато, трева која вреди сто златника.
Ајдучка Трева, Латински назив - Achilea Milefolium
- Латинскиот назив доаѓа од митолошки јунак Ахил со која му е излечена раната на Телефус. По состав ајдучката трева и не е доволно испитана но се знае дека содржи витамин К, 0,05 -0,4 % етерично масло , горка материја ахилеин, флобатанина, садржи околу 10 % цинеол, пинен, кариофилен, тујон, борнеола, мравја и валеријанска киселина. Ајдучката трева е горка по вкус и ароматична се употребува како тони
к, стомахик, стимуланс, антиспазмодик. Добро делува против Хемороиди, се користи и внатрешно и надворешно на надворешни рани. Се дава против катар на желудник и црева, пречки во бубрези и слезина. Ајдуците секогаш со себе носеле фино сомелен прав кој го ставале на раните. Дејствува на спречување на загнојување и брзо зарастување на ткива при надворешни рани делуваат танините и етарското масло. Се користи за јакнење на апетит, не е отровна не предизвикува навики и влегува во голем број на чајни комбинации. Се користи и за бронхијална астма, камен во бубрези, против гасови, подуеност, тешко варење на храна, за уредување на столица, за запирање на бело прање и инфекции, за бело прање и инфекции се прави во комбинација со подабец, делува благопријатно и на чир во желудник, се користи за масла за сунчање и има силен фактор на заштита со маслиново масло.
Кора од врба
Младата врбова кора од поодамна е позната како одлично средство за снижување на температурата. Аспиринот е настанат така што на синтетички начин е добиено она својство кое што го има кората на младата врба. Чајот се подготвува така што исушената млада врбова кора се вари десетина минути и чајот треба се пие што потопол. Се користи во сите случаеви кога е зголемена температурата како и кај инфективните болести проследени со висока температура.
Чајот од врбова кора помага за исфрлање на штетните токсини од организмот, помага болниот да се препоти и организмот да закрепне.
Камилицата е исклучиво лековита билка и помага кај многу заболувања. Може да се подготвува како чај, но помага и кај физички повреди, воспалителни процеси, отоци, кога се користи како облога. Капки чај од камилица може да се стават на воспалено око.
Чајот од камилица дејствува лековито кај подуеност на стомакот, жолчните тегоби а помага и во работата на бубрезите. Може да се препорача и за подобрување на циркулацијата, а благотворно дејствува врз крвотокот, срцето и внатрешните органи.
Чајот се подготвува така што исушениот цвет од камилица се прелива со зовриена вода, се поклопува и се остава да опстои. Камилицата не смее да се остава да врие заедно со водата, бидеќи се губат етерските масла кои се исклучително лековити. Потребно е пет до седум грама цвет да се прелијат со 200 ml зовриена вода.
Нане
Еден од чаевите кој што се дава и на бебињата за да се спречат непријатните грчеви содржи нане. Тоа е благо и има голема примена кај сите воспалителни процеси во организмот. При подготвување на тешки јадења, посебно на гравот, доволно е да се додадат неколку ливчиња нане за да се избегнат сите тегоби со дуењето на стомакот.
Чајот се подготвува од ливчината кои се прелеваат со зовриена вода и се остава да опстои 15 минути.
Слез
Слезот се користи при кашлица, бронхитис и отежнато дишење. Помага кога се создава густ шлаем. Веќе час-два по употребата почнува неговото благотворно дејство. Се смирува воспалителниот процес и истиот ден ќе почне искашлувањето.
Од слезот се користи само неговиот корен. Се прелива со ладна вода, која претходно е провриена и се остава да отстои два часа. Слезот се пие во мали голтки, неколку пати дневно.
За разлика од чаевите за уживање, чаевите од лековити билки, по правило, не се заблажуваат и не треба да им се додава лимон или други состојки.
превземено од http://www.sdakavadarci.com/zivot/alternativna-medicina/lekoviti-caevi
Коприва
Urtica dioica L.
Фам. Urticaceae
Други народни имиња: Жулка, Папарига Распространетост
Копривата е доста распространета. Расте на влажни места, на ѓубришта, со еден збор насекаде, како на ниски така и на високи места.
Собирање и сушење Младите, здрави и сочни лисја се собираат од април до август.
Веднаш по собирањето се сушат, во лад, послани во тенок слој.
Во сушилница се сушат на температура од 40 °С.
Коренот се откопува во есен, се отстранува стеблото, се мие со вода и се суши на сонце или во млака рерна. Исушените листови имаат специфичен мирис и слабо остар вкус. Исушениот корен е бледозеленикав, без мирис и вкус.
Копривата е многугодишна зелјеста билка, со право стебло
високо 50 – 150 см. Долните листови се најкрупни, а при врвот најмали. Цветовите се ситни, зеленикави. Цвета од април до септември. Целата билка е обрасната со остри, цврсти влакна и поради тоа таа боцка.
Употреба
Во народната медицина, копривата е една од поценетите билки, а се употребува и како храна. Во современата фитотерапија копривата се употребува како средство за сопирање на крварење од внатрешни органи, особено од уринарниот тракт, матката и од хемороидите. Листовите во вид на чај и сок влијаат диуретично.
Копривата дејствува и антиревматично и аналгетично заради што се препорачува и на болни од ревматизам и ревматичен
артритис. Чај или сок од коприва ја подобрува крвната слика и го намалува шеќерот. Копривата влијае и благо лаксативно, а благотворно при тешкотии во жолчката и црниот дроб.
Копривата е здрава и корисна диетална храна. Таа не содржи материи што ослободуваат калории туку витамини, минерални материи и ензими, супстанци неопходни за правилно функционирање на органите во човековиот организам. Копривата го јакне организмот и го дезинтоксицира “ ја чисти крвта”.
Особено е препорачливо, на пролет од лисјата да се приготвуваат супи, чорби и пити, најчесто да се мешаат со
листови од спанаќ или друг зеленчук.
Начин на приготвување и употреба
Чај: 10 грама иситнети суви листови се прелеваат со 200 мл вода и вријат 5 минути. Потоа садот треба да биде покриен еден час,
се процедува и се пијат 2-3 чаши на ден.
Тинктура: 20 грама иситнети суви листови се прелеваат со 100 мл со 100 мл јака ракија и шишето стои затворено 7 дена, со често протресување. Се филтрира и се пијат по 2 чајни лажици на ден,
во засладена вода или овошен сок.
Marianum silibum- Латински назив - Marianum silibum - Магарешки трн, ефикасно ги чисти и црнодробните замастувања и ги регенерира црнодробните и други клетки во организмот, се користи за камења во жолчка, после тешки заболувања за заздравување, при астма, за шеќерна болест, хемороиди, и хепатити, особено позитивно делува во регенерирање на нови клетки при особено тешки заболувања. Се пие исто како кафе и само со 7-14 дена има огромни ефекти во решавање на определени заболувања и проблеми. Главни лековити состојки се тирамин и хистамин покрај овие содржи и 0,1 етерични масла, малку танини, флавоноиди 24-26 %, масла 17%, белковини 21%,
Кантарион, Кантарионово масло, Чај од кантарион
Кантарион - Латински назив Hiperycum Perforatum
Кантарион, Кантарига, Hiperycum Perforatum, Кантарионот се цени многу меѓу народот и се употребува за надворешни рани, против исекотини, опекотини, хемороиди за зарастување на рани, како антисептик а однатре против болести на слезинка, желудник, проливии сл. дејствата се многубројни поради сложениот хемиски состав. Народот го користи како народен лек и гоприпрема на начин што се става во ладно цедено маслиново масло кое стои на сонце 30-40 ден јако да поцрвени и после тоа се употребува.
На француски начин или према француските фармакопеи се припрема 100 гр. Цвет се става во тегла се прелива со еден литар од најдоброто масло и се држи на водена пара 2 часа се цеди да биде бистро, или пак може кантарионово масло со бело вино пола масло пола бело вино се држи на водена пара додека виното испари, и двете масла се користат з надворешни рани.
Тинктура и екстракт се припремаат према фармакопеите а се користат за цревни паразити, особено етарското масло кое има изразено антибактериско дејство.
Овчарска торбичка (lat.Bursae pastoris herba)
Содржи биогени амини, флавонски гликозиди и танини и има антихеморагично (против крварење) дејство. Со своите состојки ги зајакнува ѕидовите на крвните садови и дејствува противвоспалително. Традиционално се користи за запирање на крварења, без оглед на нивната причина. Се применува при крварења на дигестивниот тракт (гастритис, воспалителни болести на цревата), крварења на мокрачните патишта, на материцата (зголемено менструално крварење) кај крвави хемороиди, крварења од нос и мали површински ранички. Не смее да се применува во тек на бременоста, нити кај лица кои се на антикоагулантска терапија.
Рузмарин
Освен што се користи како зачин при готвењето, рузмаринот ги одржува крвните садови проширени и на тој начин ефикасно ја сузбива главоболката поттикната од нивното стеснување, истакнуваат научниците. Па за тоа се препорачува една лажица сушен рузмарин во чаша топла вода.
Мајчина Душица (thymus serpyllum)
- е омилен лек не само во народната медицина туку и во научната медицина. Кај нас со векови се употребува, особито во планинските делови, како лек за лечење на органи за варење, поретко и органи за дишење. во некои медитерански области мајчината душица, е и зачин, особено во посиромашните делови на светот, претежно кај морнаирте, кои сакаат да го прикријат јакиот мирис на риба која често ја користат во исхраната. Мајчината душичка влегува во состав на многу производи од лековити растенија, кои се изработуваат во аптеки било во фармацевтската индустрија. Со посебна постапка се есктрахира екстракт кој дава многу позитивни ефекти при кашлица. Тие лекови се познати под разни патентирани називи: пертусин, тимотусан, контратусин и сл. наједноставен пример на употреба на мајчината душичка е во облик на чај кој може во секое домаќинство да се направи. Меѓутоа треба да се нагласи дека најчесто се греши со тоа што мајчината душичка се вари подолго време. Од причини што ваквиот начин на припрема д??ведува да сите активни компоненти од чајот се губат. Се препорачува при припремата да се внимава на ова и припремата да биде на начин што ќе се попари со врела вода се поклопува и се остава да отстои 2 часа. Се греши во употребата и со количината. Се земаат многу мали количини од ова растение и така добиениот чај и да нема некои ефекти. треба да се користи цела супена лажица иситнето и се попарува со 200 грама (1 чаша) врела вода. Ова лековити растение има ефекти против проливи, затоа што има голема количина на танини (околу 5 %). Мајчината душичка влијае како пријатен и безопасен конзерванс, од причини што со своите активни мирисни етерични масла влијае и како конзерванс. Се користи и против цревни паразити, особено против детски глисти. Антисептичните својства произлегуваат од дејството на тимол и карвакрола, ги користат овие својства и научната и традиционалната медицина. чим се појават заразни болести се пие чај од мајчина душичка. Мајчината душичка не е отровна. Нити пак ствара зависност и со подолга употреба. за време на заразни болести наместо вода се пије чај од мајчина душичка во низа на недитерански земји. Мајчина душичка се користи и против непријатен мирис од уста во комбинација со питомо нане.
БЕЛА БРЕЗА
состав: 8 % катехински танин, шеќер, сапонозиди, смоли околу 0,05 %, етарско масло, горки материи и др.
Се употребува како диуретик и антисептик, најчесто како инфузи, има повеќе супстанци кои имаат огромна антибактериска моќ, Брезовите лисја се едни од најдобрите за лекување на бубрежни заболувања, уринарни патишта и други проблеми на мокрачниот систем.
Geranium robertianum - Црвениот здравец (lat. Geranium robertianum) е танинско лековито растение кое се користи за запаление на урогениталните органи, нередовни менструации и непроодни јајцеводи. Чајот се припрема така што една кафена лажица се прелива со 100 мл. Топла вода (или околу 70 %) вода, па после тоа се остава да отстои барем 20 мин. Се процедува и се пие.
Во народната медицина доста автори ја посочуваат за стерилитет, и неплодност или неможност за рашање на деца а и се користи за стерилитет, и за плодност на начин што и двата партнери пијат оа вака изготвениот чај 3 пати дневно по еден филџан од приготвениот чај најмалку една недела за што многу луѓе се задоволни од овој напиток.
Maslacak, Gluvarce, - Taraxacum officinale
расте како коров секаде, и најмногу ја има по влажни ливади. Има и држави каде што се одгледува. Расти 15 до 30 цм. на врвот има златно жолта глава со соцветија. Се размножува со семе кое ветарот го носи како падобрани (глуварче). сите делови се со горчлив вкус, и имаат доста млечен сок.
Берба, некаде се бара само корен, некаде само растение, а во други целото растение.
Состав: Тараксацин и тараксацерин се две горчливи во вода растворливи хетерозидне супстанци, кои ги има најповеќе во млечниот сок. Во коренот има и ензими, холин, етарско масло, смоли, масни киселини, многу инулин, во есен и до 40 % и шеќери до 18 %. Во несапозидниот дел има и фитостерол, од кои се изолирани и алкохоли тараксатерол и бета амирин, . Во листот има инозит, слуз, шеќери, смоли на тараксацин, во пролет собран листот е најлековит.
Употреба: го подобрува апетитот, и добро делува на варенјето. Во англосаксонските земји, е омилен благ лаксанс, против атонични диспепсии и диуретик. Се дава во облик на чај или екстракт. Се користи и како салата како витаминска храна, во народната медицина се употребува за чистење на крвта, како диуретик против болки на жолчка и јетра. Се Користи за камен во жолчка и отежнато мокрење. Се комбинира најчесто со водопија, нане, и свила од пченка.
КОЊСКО ОПАВЧЕ, Equisetum Arvense
Состав: има до 10 % кремена киселина, има сапонини, еквизетонина, има аконитна, оксална и јабокова киселина, смоли, танини, пектини, флавонски хетерозида, витамин Ц, каротеноиди и горки супстанци. Се употребува како диуретик, се употребува и за градни и водени болести . Влегува во состав на голем број диуретични чаеви. Се користи за воспаление на мокрачните патишта, артериосклероза и хипертонија, хронично воспаление на бубрези, за подобрување на варење и против гасови, за бело прање, инфекции и тн. нештетно и не ствара зависност.
Rosa Canina - Sipurak, Шипинка,
други диви врсти (Rosa Rugosa, R.Mollis, R. arvensis, R. cinnamomea, R. acicularis) се берат и плодови на питома ружа.
Распространетост - високо трновита, висока околу 2 м. ја има скоро сегде, најповеќе на места низ шума или како ограда покрај патишта, и по меѓи, во цела Европа, Северна Африка и северна и западна Азија,
Се бере тврд и недозреан плод со светло црвена портокалова боја. Се бери на почеток на есен или на крај на лето, што зависи од областа надморската висина и годината.
Состав: Голема количина на витамин Ц, до 1.700 мг. многу витамини П 12-18 мг. каротен (провитамин А), околу 0,02 мг. Витамин Б2, ПП, и околу 40 биолошки единици витамин К. Има исто флавоноиди, околу 2, 5 % танини околу 3 % лимонска и јаболкова киселина, околу 10 %, пектини до 15 % нешто шеќери, малку етерични масла, од што и произлегува убавиот мирс на чајот, во листот има околу 4 % витамин Ц.
Употреба: се користи како втиамиснки напиток, се користи за проливи кај деца, како благ адстрингенс на оболени црева, семето се употребува и како диуретик. Како диретик се користи во комбинација со клекинки, зечји трн, свила од пченка и коски од вишни, оваа смеса со по 20 гр. вкупно три супени лажици се кува 5 мин. во пола литар вода по 3 сати се цеди и се пие како диуретични чај.
КАПИНА
Капината е мошне разгранета грмушка со долги стебла кои можат да бидат исправени или налегнати, покриени со боцки. Билката е висока 1-2,5 метри. Цветовите се бели и цвета од мај до август. Плодот е капина со црвено - црна и сино – црна боја.
Рапространетост .
Расте на ридски и планински места до 1600 метри, крај патишта и реки на необработени почви крај потоци и како жива ограда.
Собирање и сушење
Се собираат врвните здрави листови, кога билката цвета, во јуни – јули, по убаво и суво време. Се сушат послани во тенок слој на провевни места, во лад или на рамови за сушење. Плодовите се собираат во август – септември. Доколку се користат како суви, се сушат на сонце 2-3 дена, потоа на провевни места, во лад. Исушените плодови не треба да се лепат меѓу себе.
Употреба
Во народната медицина и фитотерапијата чај од суви листови се употребува против дијареи, колити, воспаленија на јазикот, непцата и грлото како и против воспалени хемороиди за промивање или за компреси. Плодовите се здрава и вкусна храна бидејќи содржат органски киселини, витамин Ц, минерални материи и други за организмот важни соединенија. Од нив се приготвува вино кое им се дава на анемични и слаби лица. Од пресните плодови се приготвуваат разни слатки продукти: слатко, мармалад, џем, сок и друго кои се здрава храна и лек за сите возрасти.
Начин на приготвување и употреба
Чај: 1 чајна лажица иситнети исушени листови се прелеваат со чаша вода и вријат 5 минути. Потоа се трга настрана и садот стои покриен 20 минути. Се пијат 2-3 чаши на ден.
Чај за надворешна употреба: две супени лажици иситнети, исушени листови се прелеваат со 500 мл вода и вријат 10 минути. Садот стои покриен 30 минути. Се процедува и се употребува за гаргара или за компреси (хемороиди).
Смрека
Juniperus communis L.
Фам. Cupresaceae
Други народни имиња: Ојна, Уина
Распространетост
Смреката расте на ридски и планински места во Малешевијата, на надморска височина до 1800 метри. Бара суви и каменести места, каде што расте поединечно или во групи.
Собирање и сушење
Плодовите се собираат кога се зрели, кога се темносини и имаат восочен налеп. Собраните плодови се чистат од незрелите и се сушат послани во тенок слој.
Употреба
Во народната медицина, плодовите се употребуваат како уроантисептично и диуретично средство. Етерското масло дејствува антисептично и против воспалително заради што се дава при заболувања на дишните органи. Инхалирање на водена
Смреката е зимзелена грмушка или разгрането дрво, високо до три метра. Во почетокот плодот е зелен, а втората година, кога ќе созрее, станува темносин, дури црн.
пареа со етерско масло добро влијае и при заболувања на горните дишни патишта.
Начин на приготвување и употреба
Чај: една чајна лажица крупно здробени исушени плодови се попаруваат со една чаша жешка вода и садот стои покриен 20 минути. Се процедува и се пијат 2 – 3 мали вински чаши на ден.
Gentiana Lutea L. (ДИВ ЧЕМЕР, ЛИНЦУРА)
Распространетост: распространета е на Балканот, во Јужна Европа, Мала Азија и др. Расте на планински пасишта , ливади а се среќава и на карбонатни и силикатни почви изложени на сонце. Во РМ ја има на Шара, Јакупица, Даутица, Јабланица, Пелистер и др.
Се користи исушен корен (Gentiana Radix)
Се копа во есен и од него се отстранува стеблото. Горниот дел на ризомот со вегететативни пупки треба да се врати назад во земјата, за од него во наредна година да се развие нова билка. Коренот се суши на два начини: веднаш на температура од 55-60 степени за фармацевтска употреба добива светложолта боја. и на сонце собран во купови при што ферментира има попријатен мирис и помалку горчлив вкус со кафеаво-црвеникава боја. на овој начин приготвен се кориссти за приготвување горчливо аперитивни пијалоци.
состав: содржи горчлив гликозид, генциопикрин (генциопикризид) и соединение амарогениц со висок индекс на горчливост. овие соединенија се монотерпенски лактони и се причини за горчливоста и фармаколошкото дејство. содржи и алкалоид генцијани (0,06%), жолта кристална супстанца гентизин, дериват на ксантонот, шеќери (олигосахариди) пектини и малку масло.
Поважни дејства:
Аперитивно, дигестивно, роборантно и фебрифугно.
УПОТРЕБА:
коренот се употребува во народната медицина скоро на сите народи како ценет лек за подобрување на апетитот и за закрепнување на организмот. Горчливиот вкус кој потекнува од генцијопикринот и амарогенцинот, ги дразнат рецепторите за вкус во устата и рефлексно предизвикуваат екскреција на соковите во желудникот, цревата и жолчката. На тој начин се подобрува апетитот , варењето и ресорпцијата на храната а со тоа организмот закрепнува.
експериментално и клинички е докажано дека го зголемува бројот на црвените и белите крвни зрнца со што се зголемува фагоцитозата.
до пред појавата на хининот коренот од линцура бил популарен лек против маларија и висока температура.
Се употребува за чир на дванаесетпалачно црево, за чир на желудник за гастритис, за апетит, јакнење на имунолошкиот систем на организмот, против висока температура и треска, како и при потешки заболувања за јакнење на организмот.
Анасон (Pimpinella anisum L) Apiaceae Umbelliferae
едногодишна зелјеста билка висока 30-70 цм.
Распотранетост во РМ (Гевгелија, Валандово, Струмица, Кавадарци итн.)
Се користи - зрели исушени плодови само од култивирани билки (Anisi fructus).
содржи 1.5-6 % етерско масло, 15-20% течно масло, белковини околу 18%, шеќери 4-5%, малку слуз и др. етерското масло содржи анетол (80-90%) , анизалдехид, анизацетон, анизова киселина, дијанетол терпинеол и цинеол.
поважни својства: кармитивно, стомахично, експекторантно и галактогогно.
Употреба:
Анасанот има широк спектар на својства. Во народната школската медицина и во фитотерапијата се употребува во вид на чај (инфуз) како средство за искашлување, бидејќи етерското масло од плодовите ги омекнува слузните секрети од дишните органи и полесно се искашлуваат. Чајот се користи при бронхит, трахеит, грип, настинка и др. Анасонот се користи односно етерското масло влијае спазмолитично така што чај приготвен од анасон добро влијае против болки во желудникот, цревата и жолчката. Анасонот е признат карминитив и чајот благопријатно влијае против гасови (метеоризам).
Анасонот ја подобрува дигестијата и ја регулира столицата, па се препорачува кај лица кои имаат проблеми со варењето на храната и нередовна столица. Дрогата влијае и благо диуретично и чај приготвен од неа е корисен за болни со хронични заболувања на уринарните органи. И ова дејство се припишува на етерското масло.
Анасонот е стар и познат лактагог, бидејќи етерското масло ги поттикнува млечните жлезди на поголемо лачење на млеко кај доилките.
Експериментално е докажано дека етерското масло влијае на циркулацијата на крвта и работата на срцето. кога етерското масло се дава во мали дози (1-2 капки) , циркулацијата на крвта се подобрува, а срцето подобро работи. За таа цел треба да се користи пресно, неодлежано етерско масло бидејќи старо одлежано повеќе години масло може да содржи оксидирани продукти од некои компоненти кои можат да бидат токсични. (Туцаков 1971) .
Се користи и за отстранување на непријатни мириси од уста а има и антисептично и ароматизантно дејство при што го подобрува и лошиот здив , мирис од уста.
СЛАДОК ПЕЛИН -Artemisia annua-SLADOK PELIN
СЛАДОК ПЕЛИН -Artemisia annua-SLADOK PELIN
БЕЛ ПЕЛИН , ВЕРМУТ, ПЕЛЕН, Artemisia absinthium L. Compositae важна напомена
Забележани се и хронични труења во континуирана непрекината секојдневна примена на пелин (Wermut absinthe) и акутни труења од големи количини од лекови против цревни паразити или за абортус од Artemisia absinthium.
откако е докажана отровноста на пелинот , Artemisia absinthium ПЕЛИН, поретко се употребува, во замена се користат линцура (Gentiana Lutea) , и кичица (Erythrea Centaurim, )
Слаткиот пелин е добро познат хербален лек кој се користи од пред неколку векови во кинеската медицина по своите исклучително лековити својства. Се користи како анти-вирусен, анти-бактериски, анти-канцероген, анти-паразитски, анти-габичен, анти-воспалителен и анти-маларичен агент.
Анти-канцер својства
Екстрактот од слаткиот пелин го инхибира растот и делбата на клетките на ракот и превентивно спречува метастази.
Слаткиот пелин има способност во превенција и лекување на многу видови на рак, вклучувајќи меланом, леукемија, рак на дојка, рак на дебелото црево, рак на јајниците, канцер на бубрезите, тумори на ЦНС и други видови на рак. Исто така е познато дека сладкиот пелин ја зголемува ефикасноста на лекови кои се користат за време на хемотерапијата.
Слаткиот пелин има антивирусни својства против многу вирусни инфекции вклучувајќи инфлуенца А, херпес симплекс вирус тип 1 (HSV-1), Epstein-Barr вирус (ЕБВ), човечки цитомегаловирус (CMV), хепатитис Б вирусот (ХБВ), хепатит Ц (HCB ), варичела зостер вирус (VSV) и дијареа . Слаткиот пелин помага кај вирусни инфекции, како што се хепатитис, инфективна мононуклеоза, енцефалитис .
Слаткиот пелин најчесто се користи како антимикробен. Тоа е изразено во неговата способност ги уништи повеќе типови на анаеробни бактерии, E. coli, Pseudomone и ентерококи.Помага против H.pilori против стомачни инфекции и други бактериски инфекции како дизентерија и туберкулоза . Исто така се користи за да се намали растот на бактериите во устата, како расипување на забите и е исто така ефикасно во случај на инфекција на устата.
Екстрактот од слаткиот пелин има анти-габични ефекти против габични патогени бактерии.Aspergillus flavus, Aspergillus fumigatus, Alternaria solani, Candida albicans, Criptoccocus neoformans, Fusarium okisporum.
Слаткиот пелин помага против воспалителни состојби, како што се на воспалителни заболувања на цревата, артритис, гингивитис.
Слаткиот пелин има исклучително анти-паразитски својства ,има широк спектар на делување против различни видови на паразити.
Други својства
Против реума и диспепсија.
-СЛАТКИОТ ПЕЛИН го подобрува имунолошкиот систем во улога на како анти-бактериски, анти-вирусен и анти-габичен агент. Ги регулира функциите на различните механизми кои влијаат на имунолошкиот систем.
Исто помага како средство против различни инфекции на кожата и за ублажување на симптомите на треска.
https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/27588327
СЛАДОК КОРЕН Glycyrrhiza glabra L. - Papilonaceae
Сладкион корен е долговечна, многу отпорна билка, со извонредно снижни и развиен, и жилав, коренов систем, кој навлегува длабоко во земја. може да доживее старост и до 20 и повеќе години и може тогаш да се добие 5 или повеќе килограми корен.
латинскиот назив е Glycyrrhiza glabra потекнува од грчкиот збор glykys односно сладок, и rrhiza - корен, glabra на латински значи гола. и нашиот народ знае дека оваа билка е блага и слатка и дека помалку личи на мал багрем.
Одгледување - претежно се одгледува како медицинска билка, во Шпанија, помалку во Сицилија, во Јужна Франција, Англија.
Состав: во свеж корен има 2 % минерални и околу 0,4 % до 1 % масни материи, до 50 % влага, до 30 % скроб, малку манитол, аспарагин, горки материи до 4 % , схароза, еден флавонски хетерозид, кој со хидролиза дава гликоза, рамноза и дихидрокси флаванон. сласт и лековитост на коренот потекнуваат од тритерпенски сапонозиди, особено глизиризин (4-5%) . Глициризинот се наоѓа во облик на калциумови и амонијумови соли. тешко може да се изолира во чиста состојба, затоа што при екстракција се распаѓа. 1950 Година Костело во САД открива естрогени хормони со стероидна градба и добива првостепена примена во медицината.
Во научна медицина се употребува за чаеви за белодбробни болести. се употребува како средство за искашлување, и против подуеност на стомак. влегува во лекови за органите за варење и дишење. најголем дел од свежиот корен се употребува за производство на глицин, и Succus Liquiritae тн. црни шеќер. црниот шеќер често е фслификуван. со слаткиот корен го засладуваат пивото, разни пенушави лимонади и други пијалоци.
во кинеската и индиската медицина се употребува илјадници години. Сите писатели посочуваат на лековитост за лечење на органи за варење и дишење, како и денешните експерименти од модернта медицина.
од 1964 година поради работата на неколку генерации од една угледна холандска апотека, констатирано е лечење за чир на желудник.
против гастритис, против затвор и неуредна столица, за чаеви за искашлување, за лекување на запаление на јазик, (Glositis),
Се употребува орално при:, *кашлица, болки во грлото, колики, запек, ждригавица, желудочни чиреви, артритис, хепатитис, цироза, Се употребува надворешно при: *кожни инфекции, егземи и рани од херпес.