ИСХРАНА ЗА КРВНА ГРУПА А
Крвна група А
ВЕГЕТЕРИЈАНЦИ
Според диетата создадена од Питер Д’Адамо,
луѓето со крвна група А најдобро
функционираат кога практикуваат
вегетаријански начин на исхрана. Тие имаат
чувствителен дигестивен систем и тешко можат
да ги обработуваат протеините од животинско
потекло. Затоа, треба да избегнуваат месо,
млеко и млечни производи и да се насочат кон
исхрана богата со житарки, мешунки, овошје и
зеленчук.
Предности – создаден за модерни услови, осетлив имунитет.
За луѓето со крвна група А се верува дека се аналитични, внимаваат на деталите, добри слушатели, чувствителни кон потребите на другите, инвентивни и креативни.
Слабости – чувствителен дигестивен систем, толерантен имунолошки систем, не сака промени подложен на вируси
ПРЕГЛЕД НА ИСХРАНАТА – се зема „многу корисното“ може да се греши од „неутралното“ не смее да се јаде од „штетното“.
МНОГУ КОРИСНО
МЕСО (/) нема, риби: пастрмка, лосос, полжав, сардина, скуша, штука, шаран (Крап), бакалар, млеко од соја, зеленчук: алое, брокули, бамја, ѓумбир, лук, кромид, луцерка, марула, рен, тиква, спанаќ, целер, праз Овошје: ананас, боровинки, грејпфрут, лимон, зелен лимон, кајсии, сливи, смокви, цреши, зрнеста храна: овес, овесно брашно, соја, брашно од соја, елда, мешунки: леќа, соја, соеви гранули, боранија, масла: маслиново, ленено, ореово, пијалоци: црвено вино, кафе, зелен чај, билки зачини: сув лук, алое, магдонос, додатоци: сос од соја, синап, засладувачи: јачменов слад јаткасти плодови: кикирики, семки од тиква
НЕУТРАЛНО
Месо: мисиркино, пилешко, ајкула, морски полжав, туна, млеко и млечни производи: кисело млеко, козјо млеко, моцарела, павлака, фета, јајца: кокошка, гуска, патка, потполошка, зеленчук: црни маслинки, цвекло, тиквички, репа, краставица, карфиол, овошје: авокадо, дуња, јагоди, калинки, киви, круши, малини, праска, рибизли, суво грозје, црници, грозје, јаболка, зрнеста храна: јачмен, брашно од јачмен, ориз, кус-кус, пуканки, пченица, јаткасти плодови: сончоглед, сусам, костени, бадеми, семе од афион, лешници масла: бадемово, масло од соја, сончогледово , рибино, пијалоци: бело вино, билки и зачини: босилек, кромид, нане, рузмарин, мајчина душица, канела, оригано додатоци за вкус: морска сол, квасец, сенф, засладувачи шеќер и мед
ШТЕТНИ (ЗАБРАНЕТО ДА СЕ ЈАДЕ И ПИЕ)
биволско, говедско, еленско, јагнешко,
телешко, свинско, чадено месо, ракчиња,
школки, октопод, кавијар, харинга, жаба,
лигњи, конзервирани и замрзнати и сувимесни
производи---рак, димен лосос, јастог,
јагула---матеница, сладолед, путер и
маргарин---обични масла, гауда, кашкавал,
ементалер, кравјо млеко, козјо сирење, чедар
сирење, пармезан, путер, крем сирење,
сладолед, урда, печурки шитаке, домат,
зелка, компир, црн патлиџан, пиперки,
банана, диња, кокос, манго, мандарини,
портокал, сок од портокал, папаја, пченични
трици, пченични никулци, индиски и бразилски
оревчиња, фстаци, леблебија, бел и црвен
грав, масла: рицинусово, пченкарно,
кокосово, масло од кикири, масло од сусам,
пијалоци: жестоки пијалоци, газирана вода,
газирани сокови, пиво, црн чај, билки и
зачини: пипер лута, црвена пипер, бел и црн
бибер, додатоци за вкус: желатин, кечап,
мајонез, оцет, саламура
Додатоци
во исхрана - витамин Ц, глог, кверцетин
Диета
умерено во се
На многу луѓе им е тешко да се откажат од вкусните порции со помфрит и месо и да ги заменат со растителни протеини, но Д’Адамо тврди дека токму тоа ќе им помогне на претставниците на групата А да имаат подобро здравје, подолг живот и повеќе енергија, а и да ја одржат својата линија.
Луѓето со крвна група А се подложни на одредени болести како рак, срцеви заболувања и дијабетес, па затоа за нив е исклучително важно да ја консумираат храната колку што може поприродна, т.е. свежа и непреработена.
ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ
Се верува дека луѓето со крвна група А имаат повисоко ниво на кортизол, па затоа им е потешко да се справуваат со стрес. Истражувањата покажале дека нивото на стрес може да се намали преку нежни неагресивни вежби кои смируваат. Се препорачува да практикуваат вакви вежби барем три пати неделно, во времетраење од 30-45 минути. Ако вашата крвна група е А и решите да вежбате аеробик или вежби со тегови, тогаш треба да бидете внимателни да не претерате, затоа што тоа може да го покачи нивото на стрес.
Препорачани активности: јога, Таи Чи, медитација и техники за длабоко дишење.
СОВЕТИ
Освен диетата и препораките за физичка активност, Д’Адамо дава и дополнителни совети кои според него ќе им го подобрат животот на луѓето со крвна група А. Еве некои од нив:
Не го прескокнувајте појадокот и јадете почесто, но помали оброци.
Внесувајте повеќе протеини на почетокот на денот, а многу помалку навечер.
Не јадете кога сте нервозни и вознемирени.
Џвакајте ја храната подолго време за да му помогнете на телото побрзо да ја свари.
Со цел да го избегнете покачувањето на нивото на кортизол и да ја намалите психичката истоштеност, потребно е да го ограничите престојот во големи толпи од луѓе, да избегнувате бучава, да не пушите, да стоите подалеку од силни миризби од парфеми и да не гледате филмови и емисии со насилство.
Направете си дневен распоред и придржувајте се кон него. Одредете си во колку часот ќе легнувате и секој ден упатувајте се кон спалната во тоа време.
Правете барем две паузи од по 20 минути додека сте на работа.