Упатство за болести на крвните садови
Заболувања на крвните садови:
- холестерол, прочистување на крвните садови од наслаги,
постизливни и постирфактни состојби;
- венопатии (тромбоза, тромбофлебит, црвен ветар и сл.);
- капилоропатии;
-хемороиди (шуљеви и мајасол)
Овие заболувања може доколку се
почитуваат правилата да се решат со:
- помош на чаеви и чајни комбинации
- режими на исхрана
- комплет терапија за лекување на овие заболувања во зависност од
дијагнозите за истите
I. БОЛЕСТИ НА КРВТА - КРВНИТЕ САДОВИ И СРЦЕТО
Крвта е животна течност што постојано кружи низ човечкиот организам низ крвните садови. Улогата на крвта е многукратна и многустрана а каконајважна е снабдување на клетките со храна-кислород т.н.р. размена на материите. Крвта е составена од повеќе компоненти мегу кои најзначајни се:
црвените крвни зрнцаБелите крвни зрнца и крвните плочки. Секоја промена во овие компоненти, бројот, изгледот, бојата и слично, укажува дека постои одредедено заболување или болест. Како најчести заболувања на крвта се:
1. АНЕМИЈА - најпросто кажано анемијата е намалување на бројот на црвените крвни зрнца(еритроцити и намалување на Хемоглобинот во нив (црвената боја) . Постојат повеќе видови анемии, меѓу кои се;
- АНЕМИЈА ПОСЛЕ ОБИЛНИ КРВАРЕЊА која настанува како последица на тешки повреди, операции, внатрешни крварења и слично. Тоа е губење на големо количество крв а се манифестира со изразено бледило, вртоглавица, паѓање на притисоците, паѓање во несвест и слично.
- МЕГАЛОБЛАСТНА АНЕМИЈА - е врста на анемија која настанува како недостаток на витаминот Б-12 или таканаречена фолна киселина при исхраната или неможност на организмот да ги користи истите.
Исто така ова анемија е последица и на некои заболувања на желудникот или други болести. Симптоми се: бледилото, замор, малаксалост, намален крвен притисок, општа слабост на организмот и сл.
- ХЕМОЛИТИЧКА АНЕМИЈА - е ненормално и зголемено реаспаѓање на еритроцитите а најчесто е предДизвикано од наследни фактори, присуство на отрови во крвта и организмот и други тешки болести, се манифестира со трајни и изразени бледила, болки во пределот на слезинката, појава на жолтило и хепатални промени и пореметувања.
- СИДЕРОПЕНИСКА АНЕМИЈА - настанува поради недостаток на железо во крвта, односно организмот дали негово невнесување или неискористеност. Знаци се изразено бледило, мали повремени крварења од оделни органи , малаксалост, неволност, замор, вртоглавица, забрзана работа на срцето, нагон за повраќање, гадење, слаб апетит и слично.
2. ЛЕУКЕМИЈА е тешко заболување на крвта, изразено со енормно зголемување на белите крвни зрнца што укажува на недоброто функционирање на рбетната мождина, слезинката и лимфниот систем. Причини за оваа болест најчесто се наследните фактори, натрпаност на организмот со отрови, радиоактивни и штетни зрачења. Болеста може да биде акутна или хонична. Манифестацијата е изразено бледило, забрзана работа на срцето, општа слабост и изнемоштеност на организмот, мали крварења на усните, кожата и грлото, болки во зглобовите и коските, отечени непца, отоци на лимфните јазли и жлезди.
3. АЛЕРГИЈА - во директен превод значи „ненормална појава" е реакција помегу природните заштитници на организмот „антителата" и надворешни туѓи тела „антигени" тоа е неможност на организмот да се одбрани и да ги уништи надворешните непријатели - антигените. Ги има многу видови а највообичаени се;
- УРТИКАРИЈАТА - е алергија на некои видови на храна (јајца,јагоди,ореви,риба и сл). Симптоми се: бледо црвени бронки (мозолчина) по кожата, окружени со црвена линија, сврбеж, болка. Причинители се: Повеќе видови на храна, високи ниски температурни разлики, состојби на стресс, страв, депресии и слично.
- ПОЛЕНОВА АЛЕРГИЈА (треска) - е преголема чувствителност на поленов прав. Знаци се кивањето, воспаленија на слузницата на носот со обилни секреции, чешање и гребење на грлото, отежнато дишење, асматични напади, солзење на очите , мигренозни болки, болки на коските и зглобовите, екцеми, и сл.
II. БОЛЕСТИ НА КРВНИТЕ САДОВИ
Крвните садови се делат на артерии низ кои тече чиста крв богата со кислород и храна и вени низ која тече крв богата со јаглен диоксид и други штетни материи и отпадоци и отрови од извршениот метаболизам и размена на материите. Ако се наредат едно по друго крвните садови се долги со илјадници километри.Тоа се посебни системи чија функција и значење за организмот е огромна.
- АРТЕРИОСКЛЕРОЗА е комплекс од болни промени кои го зафаќаат надворешниот или внатрешниот слој на артериите.Тоа се појавува после 40 години од животот а почнува со наталожување на масти и холестерол на крвните садови. Како последица на тоа тие стануваат крути и нееластични, се стеснуваат и оневозможуваат нормално минување на крвта. Причини кои допринесуват за оваа болест се: никотинот, кафето, алкохолот, нередовна исхрана, неправилна исхрана, масна исхрана, еднолична храна и друго. Артериосклерозата е ппроследена со грчеви во мускулите на потколениците, при движење, и чувство на боцкање при мирување. Рацете и нозете се бледи и ладни.
- ВОСПАЛЕНИ НА ВЕНИТЕ И ТРОМБОЗА: воспалението најчесто се јавува на површинските и длабоките вени на нозете. Може да се јави како последица на одредени хируршки интервенции, телесни повреди и друго. Кај површинските воспаленија има и отоци и болка, испакнатост, зацрвенетост или тврди израстоци. При воспаление на внатрешните вени, се јавуваат лесни отоци, најизразите во пределот на подколениците, подоцна може да отече цела нога, Крвниот притисок опаѓа а може да се има и зголемена температура.
- ТРОМБОЗА - е дополнение на воспалителните процеси а настанува поради таложење на крвни компоненти и отпад и нивно згрутчување во вената. При што доаѓа до затнување и оштетување на вената. И при тромбозата се јавуваат отоци, црвенило, болки.
- ХИПЕРТЕНЗИЈА (ЗГОЛЕМЕН КРВЕН ПРИТИСОК) - се јавува како последица на некои заболувања (стрес,зголемен физички и умствен напор, нервоза, подолготрајни нервози) атртериосклероза, дијабет, болести на бубрезите, џигер, жолчка. Се чувствува главоболка, вртоглавица, зуење во ушите, гадење, изнемоштеност, болка во рацете (лактите) и плеќите. Кај хипертензијата најважно е да се открие од каде доага притисокот за да може истиот да се реши. повисокиот крвен притисок најчесто е појава на определено друго заболување.
- ХИПОТЕНЗИЈА (НИЗОК КРВЕН ПРИТИСОК) оваа болест најчесто се јавува кај млади луѓе и е резултат на општа слабост на крвототкот и организмот, се чувствува слабост, замор, вртоглавици,темнеење на очите, бледило и сл. При нагли опаѓања доаѓа до несвестици и колапси и губење на ра??нотежата.
III. БОЛЕСТИ НА СРЦЕТО - најчести болести на срцето се: перикардитис, миокардитис, инсувициенција, ангина пекторис (angina pectoris), неурозис ??ордис (neorosis cordis) , тахикардија, брадикардија и други.
- ПЕРИКАРДИТИС - е воспаление на обвивката на срцето, причини се: бактериски и вирусни состојби, туберколоза, инфаркт на миокардот и др. Може да биде акутен и хроничен. Знаци се: зголемена температура, потнење, силна болка во градите, градна коска, забрзано и површно дишење, општа слабост и малаксалост и депресивни состојби проследени со страв.
- МИОКАРДИТИС - е воспалителен процесс на срцевиот мускул, најчесто поради ревматизам,туберколоза, сифилис, бактериски и вирусни состојби, алергии и друго. Симптоми се отежнато дишење, забрзана работа на срцето, низок притисок, ладни раце и нозе, помодрени прсти и нокти на рацете и слично.
- ИНСУФИЦИЕНЦИЈА - е слабост на срцевиот мускул, поради што срцето не е во можност да го одржува ритамот на работа. Причини се: разни срцеви оштетувања, оштетување на залистоците, зголемен крвен притисок, миокардитис, инфаркт на миокардот, артериосклероза, вродени срцеви мани и слично.
- Инсуфициенцијата се јавува кај стари луге. Се манифестира со забрзано и површно дишење, суво кашлање, вознемиреност, несоница, набрекнати вратни жили, отоци по раце и нозе, чукање на срцето како „галоп"
- АНГИНА ПЕКТОРИС - е болест поради лоша исхрана на срцевите крвни садови и недостаток на кислород. Причини се: зголемен крвен притисок, шеќерна болест, гојазност, алкохол,тутун. Знаци се: градни болки, болки во левата рака и грбот, доста јаки и силни, се јавува стегање, притисок и задушување, времетраење на болката е до 10 минути, обично се јавуваат кај тешка физичка работа и високи температури.
- НЕРВОЗНО СРЦЕ - во почеток не е сериозно заболување се осеќа физичка исцрпеност, чувство на задушување, ладна пот на челото и слично.
- ТАХИКАРДИЈА - е забрзана работа на срцето и до 200 пати во минута. Причини се : стресови, температури, крварење, предозираност со кафе, алкохол, цигари, болест на тироидата. Знаци се брзо дишење, силен притисок во градите, чувство на недостаток на воздух и аритмија.
- БРАДИКАРДИЈА - е појава кога срцето отчукува помалку откуцаи од 50 во минута. Причини се старост, истоштеност, тумор во мозок, менингитис, жолтица, тифус и друго. Знаци чувство на измореност, вртоглавица,темнеење пред очи, мал крвен притисок, отоци по рацете и нозете. Можно е да се дојде до оштетувања на работата на други органи.
Постојат и други болести на овие органи кои не се опфатени со ова упатсво
При користењето на методите на Алтернативната медицина и лечењата по овие Режими, се земаат сите лекарства препорачани од лекарот и се прават постојани контроли со лекарите, истовремено се применуваат и решенијата од Алтернативата. Чаевите и Чајните мешавини што се користат немаат „НУС" (негативни) појави со ниедно лекарство од Медицината , така да истовремено може да се користат и едните и другите лекарства.
Овие терапии се најпогодни да се користат при „постинфарктни" или посизливни состојби како заштита и превентиве од наредни инфаркти или срцеви болести. Овие методи ГИ ублажуваат последиците и процесот трае повеќе време, неколку месеци а некои од правилата на однесување и Начинот на исхрана како и изборот на храната даден во Режимите треба да бидат трајна ореиентација односно да се применуваат до крајот на животот. Да се исклучат од натамошна употреба задолжително - АЛКОХОЛОТ, ТУТУНОТ И КАФЕТО, тешки физички работи, тешки физички напрегања, нервози и сл, мрсна храна, да се вклучи пешачење најмалу 3-5 км дневно и ориентација кон здрава исхрана.
За помагање при овие заболувања потребно е да биде доставена дијагноза, крвна слика и отпусна листа. За намалување или помагање при овие заболувања потребно е да се јавите на контакт телефон или на email: naumepetkovski@hotmail.com ; За намалување на холестеролот, астаминазите и транспаминазите се примаат готови производи како и потребен е режим на исхрана, а за делот на но за наведените податоци потребно е да биде доставена и крвна слика со хепатограм.
7. ЧАЕВИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА ЗАБОЛУВАЊА НА КРВНИТЕ САДОВИ
7.1 БОЛЕСТИ - прочистување на крвните садови од наслаги, нечистотии, холестерол, закрчувања, калцификати, венопатии (тромбоза, тромбофлебити, црвен ветар, капилоропатии, хемороиди (шулјеви, мајасол) гангренозни состојби и др.
7.1.1 КОИ ЧАЕВИ СЕ ЗЕМААТ И КАКО
7.1.2 Чај за црнодробни болести - 2 супени лажици се попаруваат со 1,5 литар врела вода, се остава да отстои 2 сата, се процедува и се пие 5 - 6 пати по 200-250 милилитри, на гладно.
7.1.3 Чај број 3/1 - 1 супена лажица се попарува со 0,5 литра врела вода, се остава да отстои 1 сат, се процедува и се пие 5 пати по 100 милилитра на празен стомак.
7.1.4 Преспанска горчица – чемер - се зема на празен стомак 5 пати по 10 милилитри.
7.1.5 Медовина се зема 2 пати по едно кафе лажиче.
Терапијата трае најмалку 42 дена по потреба се до целосно решавање на проблемот. Се користи Преспанската горчица повеќе време, месеци за целосно решавање на проблемот.
7.1.6 ИСХРАНА се користи вегетаријанска исхрана – види прилог
7.1.7 Кај замастувањата - холестерол , триглецериди се користи Преспанската горчица и чај број 3/1.
Заболувања на крвни садови
за повеќе информации контактирајте не.