ПОСЕБНИ РЕЦЕПТИ


1. Бројсов сок

- се зема 300 грама цвекло, 300 грама морков, китка магдонос, корен или китка лисја од пашканат, 2-3 лимона, 500 грама јаболка. Сето тоа се меле на машина за месо мелење, се полива со 3 литри вода, стои 6 часа се процедува и се пие. ПРВА ВАРИЈАНТА.

На горенаведениот начин се припрема бројсовиот сок поради следните причини:

- со горенаведениот начин нитратите од цвеклото кои ствараат гадење по континуирана употреба од две три недели а кои ствараат гадење остануваат во неисцедениот дел а чистиот сок исцеден го дава истиот ефект во зголемување на бројот на крвни зрнца.

 Со наведениот начин се постигнуваат до милион крвни зрнца неделно кои подобрувања можат да се проверат од крвната слика. Овој начин се користи во сите терапии и е задолжителен дел во дневната исхрана. Го подобрува имунитетот и серумското железо.

1.2. БРОЈСОВ СОК - се зема 300 грама цвекло, 300 грама морков, китка магдонос, корен или китка лисја од пашканат, 2-3 лимона, 500 грама јаболка. Сето тоа се меле на соковник, а добиениот сок се разредува со чиста флаширана вода (сооднос (1 единица сок, плус 2 единици чиста флаширана вода. Се пие 2-3 пати на ден по 150 до 200 милитри на празен желудник. Го подобрува имунитетот и серумското железо. ВТОРА ВАРИЈАНТА. По првата недела од приемот на бројсовиот сок со оваа варијанта се преминува на претходната варијанта за припрема на Бројсов Сок.

2. ПШЕНИЧНА КАША  - пола килограм пшеница (се купува од пазар -непакована) се чисти, мие и се вари со вода се додека зрната испукаат. Се тропцка со рака заедно со водата во која се варела, и се процедува низ газа со стегање. Добиената каша се раствара со чиста флаширана вода (однос 1 каша, 3 вода). Се пие на гладно 2 до 3 пати по 150 милитри. Се користи кај стомачни болести (акутен и хроничен колитис, улцерозен колитис ,улцерации).

3. МАЈОНЕЗ ОД ЛУК 300 грама козјо сирење, една киска магдонос, 100 грама излупен лук, 50 грама орев 100 грама ладно цедено маслиново масло. Сето тоа се блендира или миксира. Се користи како намаз за јадење, се користи за уредна и редовна столица, има јаки антибактериски и антисептички својства.

4. Едно живо јајце  (домашно) се миксира со сто грама јогурт,се пие нагладно - за имунитет. Се користи за анемичност, слаб имунитет.

5. Маслиново ладно цедено масло  1 супен лажица се меша со сок од 1 исцеден лимон (се користи при камења во бубрези и жолчка).

Овие посебни рецепти може да ги користи секој болен и здрав човек по сопствена оценка или по препорака од треварот.

На Почеток

МАСТИ, МЕЛЕМИ, ОБЛОЗИ

- за надворешни рани, болка, оток се користи кантариново масло или маст, од кантарион, невен, чичак.

-кај кожни болести, причешливост, сврбеж, се мачка со сок од исцеден лимон, сода бикарбона растворена со малку вода.

-при отоци (од гихт-водена болест) и други отоци, хематоми, отоци од „зрачење", болка, се користи облога од 3 белки од живи јајца измиксирани со една супена лажица кисело млеко. Се мачка со раце или се става облога со газа. Се држи 20 минути. Се прават повеќе третмани по потреба.

- кај фистула со цистични творевини, се става 50 грама јунешко, живо месо малку истолчено, на отворот на фистулата за да го исцели гнојот, повеќе пати се додека месото побелува, потоа се става кантарион за да затвори фистулата.

 

На Почеток

Рецепти за Црниот Дроб - Џигер

детоксификација, и нормализирање на работата

 

Посебно Упатство за детоксификација рецепти на чаеви и исхрана за определени одмастување на црнодробниот систем симни тука во pdf  

 

ЏИГЕРОТ е секако еден од најважните витални органи во нашето тело. Денеска луѓето практикуваат многу нездрав начин на живот што во големо вера влијае на здравјето на џигерот како и на останатите органи. Ние колку што можеме ќе Ви помогнеме нешто да промените а со тоа и да си го подобрите вашето здравје.

Има рецепт за сок кој може да Ви помогне и добро влијае на здравјето на џигерот и целиот организам. Овој сок содржи овопје, зеленчук, житарици.

ХРАНА ЛЕК

Лимон

Со многу истражувања е докажано дека лимонот содржи критични киселини кои го подобруваат варењето, кое е битно и за добра работа на џигерот. Лимонот исто така поседува и моќни антисептични својства кои го спречуваат настанувањето на лоши бактерии во дигестивниот систем.

Ѓумбир

Без ѓумбир не се може. Докажано е дека Ѓумбирот добро делува на разни оштетувања на џигерот посебно при „замастувања“ затоа што ја смалува отпорноста на инсулин и може да спречи воспаление.

На Почеток

Грејпфрут

Содржи доста антиоксиданси, који добро делуваат на здравјето на џигерот. Сокот од грејпфрут ги спречува проблемите со метаболизмот и го смалува нивото на масти во организмот која е една од причините за настанува на замастувања на џигерот.

By: liz westЛенено Семе

Ленот е познат како растение кое е пребогато со антиоксиданси, а истражувањата докажуваат дека добро делува на нивото на масти кои се собираат во џигерот.

  Бел Лук

Белиот лук е одличен извор на протеини, амино киселини и метаболити, со кое внесување го штитиме џигерот од штетните материи.

 Цимет

Циметот може да стабилизира голем број на функции во организмот, и игра важна улога во стимулирањето на џигерот да производи жолчна киселина кое е битно за добро варење.

Свежо нане

Нането се смета за едно од најделотворните растенија кога се работи за подобрување на џигерот. Некои истражувања покажуваат дека нането ја подобрува функцијата на џигерот и може да заштити од настанување на цироза.

  1. Сок за чистење на џигерот
  2. 500 мл. Вода (зовриена и изладена )

  1.  6 свежи лимони
Корен од Ѓумбир

3 Грејпфрути

  1. 4 чешниња бели лук
  2. 2 пакетчиња цимет во прав
  3. 4 листа свежо нане
  4. 3 лажици ленено масло

Исцедето го сокот од лимонот и грејпфрутот. Белиот лук и ??умбирот исечкајте ги во блендерот со малку вода, и исцедете ги. Измешајте ги сокот од лимон и грејпфрутот со вода и миксирајте во блендерот со циметот и лененото масло. Додајте ги белиот лук и ѓумбирот уште малку измиксирајте и овој сок можете да го пиете.  

На Почеток

Сок за детоксификација на џигер

125 гр. зелка

1 лимон

25 гр. целер

Круша

Корен од Ѓумбир

500 мл. Вода

Свежо нане

Сите компоненти добро измиксирајте ги во блендер и може да се пие. Овој напиток ќе му помогне на џигерот да бидат исфрлени сите токсини од организмот.

Се пие барем една недела секој ден.

Превземено од:

http://lifepressmagazin.com/zdravlje-iz-prirode/kako-da-napravite-sok-za-prociscavanje-jetre/

Дополнително се пие и козја сирутка најмалку една недела.

Од чаеви да се внесува 3/1 и 4/1 чајни комбинации.

Природата не признава болести

Голем број на заболувања се решаваат со овие методологии, истото е ефикасен начин за решавање на болести, чаевите се нештетни, не ствараат зависност и немаат нус појави со ниедно лекарство

 Посебни рецепти: (Посебно A Крвна група)
Основа на здрава храна се житарки од 70 до 100 %. Комбинации во житарици. Еден ден овес, еден ден јачмен, еден ден рж.
Ленено семе е чистач за детоксификација.
Ако се јаде најмалку 3 недели се доаѓа во нормала.
На филџан житарици 3 филџани вода. Малку интегрална сол. Врие 30 до 40 мин. одкога ќе се свари се трга се остава да отстои цела вечер. За да биде вкусно, се додава малку интегрална сол. Разни варијации, кога се вари одредена житарица се додава пола морков, или пола целер, или пола дајкон, или пола пашканат, сите коренасти делови од растенија. Тоа е здрава храна, варивата сите може да се користат, граф, боранија, зелка, компир, леќа, грашак.
Јајца не.
Сол не смее.
Сирења урди кашкавали, млечни производи не, и не смее да се примаат за време на терапијата.
Месо и производи од месо односно производи од животинско потекло не смее. (може замена морска риба)
Еднаш до два пати во неделата може риба да биде посува риба по посна риба да не е мрсна . По можност морска.
Црвен патлиџан да се намали, модар патлиџан да се намали, спанаќ еднаш во текот на месец. Истите содржат оксална киселина а тоа може кај бубрежни заболувања особено каде што составите се оксалатни да го отежне топењето на каменот.
Зеленчук, пиперка, краставица, тиквичка.
Овошје: јаболко, кајсии, цреша, јаготки, праски, круши, сливи, вишни.
Шеќер ни бел ни кафеав.
Компот може само без шеќер.
Од овоштие да се избегнува портокал, банана.
Најпрепорачливо е овоштие кое расте во вашата близина.
Може за вкус малку соев сос да се стави.

На Почеток


Детоксификација: За остеопороза , за артритис, артроза


Ленено семе 100 гр. , семе од тикви 100 гр., сончоглед 100 гр, и сусам 200 гр. – интегрален сусам.
За маснотии во крв и триглецириди:
Ленено семе 200 гр. , семе од тикви 100 гр., сончоглед 100 гр, и сусам 100 гр. – интегрален сусам.
За простата:
Ленено семе 100 гр. , семе од тикви 200 гр., сончоглед 100 гр, и сусам 100 гр. – интегрален сусам.
За камења во бубрези и жолчка
Ленено семе 100 гр. , семе од тикви 100 гр., сончоглед 100 гр, и сусам 200 гр. – интегрален сусам.
Плус житарици рж и јачмен.


За шеќер во крв


Ленено семе 100 гр. , семе од тикви 100 гр., сончоглед 100 гр, и сусам 200 гр. – интегрален сусам.
Многу е битно да се јаде по малку 6-7 пати, по малку за да се иритира работата на панкреасот, и да се пие чај лист од боровница, глуварче како и предложените чајни комбинации за лекување на шеќер во крвта.

На Почеток

web stats